Најпознатиот ќелавко Колина ја презема контролата над ВАР технологијата

Пјерлуиџи Колина сака да ја поправи ситуацијата во фудбалот/Фото: EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

ФИФА одлучи да ја преземе одговорноста за сите активности поврзани со ВАР технологијата што значи дека Премиер лигата, Ла Лига и другите лиги повеќе нема да можат да ја прилагодуваат примената на овој систем.

Претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина ќе ја надгледува идната примена и употреба на ВАР технологијата и веке најави дека таа технологија ќе биде користена на ист начин во целиот свет.
Оваа одлука значи дека повеќе нема да може има слободни толкувања на офсајд или играње со рака или дали голманот стоел на гол линијата или не каде што најчести случаи имаше во Премиер лигата.

Националните федерации добија допис во кои се наведува дека судиската комисија на ФИФА ја презема контролата над ВАР технологијата која досега беше под капата на Бордот на ФИФА (ИФАБ).

„Сите активности поврзани со ВАР преносите на ФИФА, сите прашања кои ги имате може да ги упатите во Судиската комисија на ФИФА“, стои во дописот.

Најпознатиот фудбалски судија, популарниот ќелавко Пјерлуиџи Колина ќе ја презеде контролата над ВАР технологијата која досега ја имаше ИФАБ и нејзиниот технички директор кој е поранешен англиски судија, Дејвид Елери. ИФАБ досегаим даваше можност на лигите сами да ги толкуваат и применуваат правилата за ВАР како што сакаат.

Судиската комисија на ФИФА веќе им наложила на судиите во Премиер лигата во наредната сезона сами да ги гледаат снимките и да се потпираат на својата проценка, а не на судијата во ВАР собата. Тие исто така ќе мораат да ги прегледуваат снимките при изведувањето на пеналите за да видат дали голманот се поместил од гол линијата за време на изведување на пеналот, што досега беше игнорирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот