Најпознати литературни мистерии: Зошто Едгар Алан По умре во туѓа облека?

Фото: Profimedia

Во литературата има мистерии кои не се дел од трилер или криминалистичка приказна. Мистерии кои не се плод на нечија имагинација и кои можеби баш и поради тоа ќе останат засекогаш нерешени. Ова се само некои од нив.

Кој ја напишал „Беовулф“?

Беовулф е најстариот преживеан дел од англосаксонската литература. Во него се опишува херој кој го убива чудовиштето Грендел, а подоцна и одреден змеј кој ги тероризира локалните жители. Приказната за него, онаа што е позната денес, е зачувана само во свитокот наречен „Новел кодекс“.

Веројатно е запишан на основа на усните преданија и преданијата на христијанските свештеници кои дошле во земјата на викинзите за да ги просветлат паганите. Единственото нешто што е познато е дека е напишано, односно запишано, некаде помеѓу VIII и XI век. Кој е автор на ова дело веројатно ќе остане мистерија засекогаш. Како и оние варијанти кои циркулираа како дел од усната традиција пред да се запише оваа верзија, пишува „Буквар“.

Од што починал Едгар Алан По?

Четириесетгодишниот Едгар Алан По бил пронајден како лута во делириум низ улиците на Балтимор во една мрачна октомвриска ноќ во 1849 година. Го однеле во болница, каде што починал четири дена подоцна. Околностите на неговата смрт се такви што никогаш не е откриено од што всушност починал овој писател. Последен пат бил виден кон крајот на септември заминувајќи од Ричмонд за Њујорк.

Куќата на Едгар Алан По/Profimedia

Никогаш не е откриено каде ги поминал тие денови и како пристигнал во Балтимор. Тој бил сместен во одделот за алкохоличари во болницата и ги одбил сите посети. Ноќта кога починал, според сведочењето на болничарот, неколкупати го извикувал името Рејлондс.

Зошто Едгар Алан По умрел во туѓа облека?

За да биде мистеријата уште поголема, освен мистериозната смрт и околностите во кои е пронајден во Балтимор, тој носел туѓа облека што ја продлабочува мистерија за смртта на Алан По. Кога бил примен во болница во делириум, тој носел стара и искината облека, што не била својствена за неговиот класичен и пристоен стил. Сопственикот на облеката во која бил пронајден никогаш не се јавил.

Едгар Алан По (десно) со пријателите од Универзитетот од Вирџинија/Profimedia

Постојат шпекулации дека Алан По бил вмешан во изборни измами и манипулации што биле вообичаени во тоа време. Имено, за да се добијат што е можно повеќе гласови, кандидатите и нивните изборни штабови собирале уличари, носејќи ги на избирачкото место за да имаат што повеќе гласачи. Сепак, Алан По бил премногу познат и во Балтимор, па затоа би било тешко на тој начин да се скрие од изборната комисија.

Дали Емил Зола е убиен?

Несреќа, самоубиство или убиство? Кога Емил Зола, писател и политички активист, починал во неговиот стан во 1902 година од труење со јаглерод моноксид предизвикано од затнувањето на неговиот оџак, сите три опции за причината на неговата смрт биле разгледувани.

Портрет на Емил Зола/Profimedia

Четири години пред неговата смрт, Емил Зола го објавил познатото отворено писмо до претседателот на Републиката -„Обвинувам“ во кое тој го обвинува за антисемитизам и попречување на правдата во „случајот Дрејфус“, а со тоа тој стекнал многу моќни непријатели кои неколкупати се обиделе да го загрозат неговиот живот.

Аферата Драјфус/Profimedia

Кога бил пронајден мртов, тие славеле велејќи дека тој се самоубил затоа што не можел да го поднесе фактот дека Драјфус е виновен (што на крајот се покажало како неточно). Многу години подоцна, еден мајстор кој го поправал покривот на зградата во која живеел Зола на својата смртна постела признал дека го затнал оџакот на Зола „од политички причини“, иако тој никогаш не дознал по чија наредба го сторил тоа.

Видео на денот