Најпознатата модна блогерка ја покажа својата неверојатна фигура во спортско издание! (ФОТО)
Италијанската модна блогерка Киара Ферагни ги воодушеви своите пријатели со линијата. Таа објави неколку фотографии од одморот на Италијанската обала, а на повеќето позира во бикини и ја покажува својата фигура.
Интернет-сензацијата го истакна дека рамниот стомак за кој многумина се чудат како може да е во совршена форма кога пред само 2 години го роди своето прво дете.
Таа позира и во спортска опрема и капче.
„Sporty Spice“, напиша и заработи 344 илјади лајкови во само еден ден.
Ферагни својата линија ја должи на добирите гени бидејќи како што и самата признала поради натрупаниот распоред нема време за фитнес.
„Се обидувам да трчам што е можно повеќе, кога сум во Лос Анџелес го правам тоа секој ден. Кога вежбам, правам кардио и уште неколку вежби за нозете и рацете“, рекла за Teen Vogue блогерката.