Најпознатата книжарница во светот пред затворање: Пристигнува помош од цел свет!

Во 1922 година „Shakespeare and Company“ го објавија првиот роман на Џојс „Ulysses“, кој во тоа време никој немал храброст да го објави во целост.

Познатата париска книжарница „Shakespeare and Company“ побара помош од своите клиенти поради финансиските загуби што ги претрпе за време на пандемијата од коронавирусот.

Книжарницата на Сена минатата недела испратила е-пошта до сите клиенти за да ги извести дека поминува низ „тешки времиња“ и ги охрабри да купуваат книги, пишува Танјуг преку АП.

https://www.instagram.com/p/CHSyS6chLrH/?utm_source=ig_embed

Во книжарницата се наведува дека од првиот карантин во март, забележале пад на продажбата за 80% и дека ги потрошиле сите заштеди досега.

Ќерката на покојната сопственичка на книжарницата Силвија Витман изјави дека е-поштата добила позитивен одговор кај клиентите, кои нарачале рекордни 5.000 книги преку интернет за една недела, 50 пати повеќе од просекот.

https://www.instagram.com/p/CG2SW6Hnpkv/?utm_source=ig_embed

Познатата книжарница беше поддржана од љубители на книгата од сите слоеви на животот, од студенти со ограничен буџет до поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кој застана покрај книжарницата како одговор на апелот непосредно пред воведувањето на друг карантин во земјата на 30 октомври.

Многу жители на Париз се свртеа кон Витман да донираат пари во книжарницата, бидејќи имаат убави спомени од ова место, кое е позната како прва култна независна книжарница во светот.

Книжарницата е отворена во 1919 година од Силвија Бич и местото станало креативен центар за многу писатели од странство, како што се Ернест Хемингвеј, Т. С. Елиот, Ф. Скот Фицџералд и Џејмс Џојс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот