Според денешното истражување на Brainster со помош на алатка за кариерно советување која била искористена од над 7.000 учесници, најмногу од нив, односно 17,1 отсто избрале професија од ИТ областа како најпосакувана.
Голема причина за тоа е финансискиот аспект, односно според истражувања повеќето програмери заработуваат околу 1.000 евра плата, но тоа е просек. Многу ИТ експерти заработуваат и над 2.000 евра, а толку приближно изнесуваат и платите на експертите вработени во големи фирми.
Платите се разликуваат во фирмите во зависност од дали сте јуниор, медиор или сениор програмер, па така се движат од 700 евра до над 2.200 евра.
Сепак, платата зависи и од кој сектор е ИТ експертот, односно дали е програмер, веб девелопер или веб дизајнер, експерт за оптимизација на сајт или ИТ администратор.
Извор: Блиц..рс