Најпопуларните туристички дестинации во 2019 година (ИНФОГРАФИК)

Хонг Конг ќе го задржи статусот како најпопуларен град за меѓународни посетители ширум светот во 2019 година, и покрај континуираните политички немири што доведоа до нагло опаѓање на туристите. Во меѓувреме, Њујорк отпадна од топ 10, а меѓу првите десет се најде Делхи, објави „Bloomberg“.

Извештајот на „Топ 100 урбани дестинации“ на „Euromonitor International“ покажува дека азиските градови доминираат на рангирањето со учество од повеќе од 40 градови. Па така Бангкок го зазема второто место, по што ќе следат Макао и Сингапур.

Првите пет се надополнети со Лондон и покрај тоа што забележа пад од две места надолу, во услови на неизвесност околу „Brexit“.

На глобално ниво, посетите се очекува да пораснат за 4,2% во 2019 година, достигнувајќи 1,5 милијарди патувања.

Во исто време, Њујорк, најпопуларната американска дестинација за меѓународните посетители, се спушта од осмото место на 11 позиција, по што следаат Мајами (29.), Лос Анџелес (33.) и Лас Вегас (38.) се другите дестинации во САД кои рангираат по Њујорк.

Трговските тензии меѓу САД и Кина се „една од најголемите грижи за туристичката индустрија“, смета авторот на извештајот, Рабија Јасмин, кој додаде дека многу од американските градови активно се обидуваат да дојдат до профитабилниот кинески туристички пазар.

Истражувањето на „Euromonitor“ опфаќа странски посетители во повеќе од 400 градови низ светот, останувајќи на таа локација подолго од 24 часа и помалку од една година. Студијата вклучува посети од луѓе кои патуваат за работа, слободно време или во посета на семејство и пријатели. Исклучени се посети на оние кои се вработени или живеат во странство заради нивно образование, како и војници, транспортен екипаж, патници за крстарење и лица кои биле присилени да го напуштат својот дом од воени или други причини.

Рангирањето за 2019 година се заснова на податоците за полугодишна посета, што значи дека првото место на Хонг Конг е сè уште под знак прашање. Градската индустрија за туризам е погодена сериозно од протестите на демонстрантите, немирите кои се случуваат скоро секоја недела од јуни.

– Врз основа на најновите податоци од Советот за туризам во Хонг Конг, како и предвидувањата на „Euromonitor“, се очекува туристичкиот проток во Хонг Конг да се намали за 5% до 10% во 2019 година.

Во Европа, традиционалните дестинации како што се Барселона, Милано и Виена заземаат пониски позиции, додека се искачуваат градовите во Хрватска, Словенија и Шведска, а се очекува трендот на ваквите локации допрва треба да го обазбедат патот до првите 100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот