Најпопуларниот филм на „Нетфликс“ во моментот, за три дена достигна 88 милиони часови гледаност

Фото: Инстаграм

Најгледана содржина на „Нетфликс“ оваа недела е новиот филм „Сивиот човек“ (The Grey Man). Во првите три дена, гледачите поминале 88,5 милиони часови гледајќи го, со што филмот ја доби петтата најдобра почетна недела на таа платформа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Gray Man (@graymannetflix)


„Сивиот човек“ е најскапиот филм на „Нетфликс“. Во акциониот трилер главните улоги ги толкуваат Рајан Гослиг,  Крис Еванс и Ана де Армас.

„Нетфликс“ инвестираше 200 милиони долари во филмот, а како што се испостави, се чини дека се исплатеше. Иако гледачите се воодушевени и веќе го очекуваат продолжението, критичарите не се задоволни од скапиот акционен трилер во кој глумат бројни ѕвезди.

– Ова е трилер направен од луѓе кои знаат од што се состои добар трилер, но не знаат како самите да направат таков – напиша критичарот Бери Херц од „Глоуб“ и „Мејл“.

Филмот го режираа браќата Русо, кои се прославија со филмовите од кинематографскиот универзум на „Марвел“. Покрај Гослинг и Еванс, во филмот глумат и британскиот актер Реџе-Џин Пејџ, познат по улогата во популарната серија на „Нетфликс“ „Бриџертон“, како и Били Боб Торнтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Gray Man (@graymannetflix)


Филмот го следи агентот на ЦИА, Корт Гентри (Гослинг) кој открива мрачна тајна на организацијата за која работи.

Еден детаљ од филмот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Имено, станува збор за мустаќите во стилот на 70-тите на ликот Лојд Хансен, кој го отелотворува Крис Еванс. Феноменот е наречен „Ефектот Еванс“ на Интернет и го доби соодветниот хаштаг на Твитер #TrashStache.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Gray Man (@graymannetflix)


– Навистина го цениме ентузијазмот за овој филм кој го изразија обожавателите ширум светот. Со толку многу неверојатни ликови во филмот, отсекогаш сме имале намера „Сивиот човек“ да биде дел од проширен универзум и воодушевени сме што „Нетфликс“ најавува продолжение со Рајан, како и друго сценарио за кое сме возбудени дека ќе разговараме наскоро“, изјавија пред неколку дена браќата Русо.

Филмот е заснован на многу успешниот серијал книги на писателот Марк Грини.

ВИДЕО | И покрај критиките, го собори рекордот на гледаност: Ова е најскапиот филм на „Нетфликс“, а собра звучни имиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот