-4 C
Скопје

Најпопуларни коктели

Коктелите ги сакате или не и околу тоа нема премногу расправии. Тие комбинираат различни состојки давајќи различни вкусови. А она што е најважно за коктелите е добриот бармен, бидејќи секој бармен не може да направи добар коктел, иако повеќето од нив го мислат спротивното. Пиењето на лошо направен коктел може да биде многу непријатно. Еве неколку од најбараните и најпопуларни коктели.
“French 75“ – Комбинација на џин “London dry“, лимонов сок, шампањско и шеќер е коктелот што го пиел главниот лик Рик во култниот филм „Казабланка“.
“Negroni“ – Најпродаваниот и најбараниот коктел минатата година. Рецептот е едноставен. Кампари, сладок вермут и џин. Сите три состојки толку добро се согласуваат што, како што велат коктел-мајсторите, воопшто не е потребно мешање.
“New York Sour“ – Ова е еден од најстарите коктели. Првпат е направен во 1870 година во Чикаго. Имал неколку верзии на мешавини што се состојат од виски и лимон. Во следните верзии му се додавало француско „бордо“ за коктелот да изгледа подобро визуелно и да има посилен вкус. Клучно за овој коктел е што подолгото мешање и тоа пред секоја голтка.
“Bloody Mary“ – Го сметаат за најдобар лек за мамурлак. Се состои од вотка, сок од домат, ворчестер и табаско сос, целер, бибер, сок од лимон и сол. Главниот бармен на ланецот хотели “St. Regis“ ја смислил оваа комбинација и оттогаш таа станала заштитен знак на повеќето менија на коктел-баровите ширум светот.
“Mojito“ – Комбинација од бакарди, рум “Havana“, нане, лимета, сода, шеќер и вода. Настанал на Куба меѓу првата и втората декада на 20 век, а сегашниот рецепт настанал во најпознатиот коктел-бар во Хавана, “La Bodeguita del Medio“. За популарноста на овој коктел придонел и Ернест Хемингвеј, кој го пиел во поприлични количини.
“Old Fashioned“ – „Џек Даниелс“, битер, кандирана цреша, парче портокал, лажичка шеќер и мраз, за еден од првите коктели што бил направен во 1881 година во клубот „Пенденис“ во Луисвил во чест на најголемиот дилер за бурбон во тоа време, полковникот Џејмс Е. Пепер.
“Margarira“ – Меѓу петте најпродавани коктели во светот е и класичната комбинација со текила. Освежува и има мошне пријатен вкус, чија киселост ја пресекува солта на работ на чашата. Се состои од три подеднакво присутни состојки – текила, мексикански ликер од портокал и лимета.

Прочитајте и...  Мачорот на Лила наликува на еден познат рапер од 90 - тите: Рангар наскоро на сцената!

Поврзани вести

Виц на денот: Резиме

Слободен печат

ВИДЕО: Сите зборуваат за сцените со секс на оскаровката Кејт Винслент и нејзината колешка Сирша Ронан

Слободен печат

Заборавената англиска кралица: Владеела само девет дена, а била погубена на 16 години по наредба на нејзин роднина

Слободен печат

Познатата Есмералда позитивна на коронавирусот: Итно е хоспитализирана!

Слободен печат

„Живи мртовци“: Омилените зомби од малиот екран се враќаат со нова сезона

Слободен печат

Сè се остварило: За време на подемот на нацизмот новинарка ги запишувала соништата на пријателите. Резултатите биле застрашувачки!

Слободен печат

Остави Коментар