Најплатениот глумец призна дека се борел со коронавирусот: Целото семејство ми беше заразено

EPA-EFE/NINA PROMMER

Најплатениот холивудски глумец Двејн Џонсон потврди дека тој, неговата сопруга Лорин и нивните две ќерки – четиригодишната Џасмин и двегодишната Тијана се позитивни на коронавирус, но и дека се добро и се опоравуваат.

„Позитивните тестови беа вистински удар. Сега завршивме со тоа и веќе не сме заразени“, рече Двејн на видеото што го објави на Инстаграм.

Двејн Џонсон откри дека пред две недели ги заразилe блиски пријатели кои не знаеле дека имаат корона.

Џонсон упати апел до сите луѓе да носат заштитни маски бидејќи тоа е морално и правилно постапување.

„Можам да кажам дека ова беше една од најпредизвикувачките и најтешките работи кои моравме да ги преживееме како семејство“, рече Џонсон.

Како што вели, коронавирусот е сосема поинаков од другите болести.

„Приоритет секогаш ми беше да го заштитам семејството. Благодарни сме што сега сме здрави, иако секогаш луѓето не оздравуваат. Збунува тоа што некои луѓе, вклучувајќи ги и политичарите, ќе ја прифатат идејата за носење маски и ќе ја направат дел од политичка агенда. Тоа нема никаква врска со политиката. Носете ја својата маска. Тоа е факт и правилно нешто што треба да се направи“, рече глумецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот