НАЈОЗЛОГЛАСЕНИОТ УБИЕЦ ОД БИВША ЈУГОСЛАВИЈА: На жртвите им нудел друштво, сексуално задоволство и смрт

Метод Тробец/Фото: Википедиа

Според начинот на кој ги ликвидирал своите љубовници и познанички, Метод Тробец сигурно е најослогласениот убиец на териториите на поранешна Југославија. Весниците пишуваа дека овој Словенец, возач на вилјушкар, убил и ги запалил телата на шест жени. Тие го нарекуваа монструм, демон, сексуален манијк и човек-ѕвер.

Речиси никој не може да одговори на прашањето кој навистина е Метод Тробец, но хрватски „Експрес“ длабински ги анализираше сите информации и настани поврзани со неговиот живот и убиствата кои ги направил.

Медиумите пишуваат дека Метод Тробец бил затворен, себичен, чуден, осамен, без пријатели и премногу приврзан за својата мајка. Се верува дека тој во детството понекогаш убивал кучиња и болни мачки, иако неговиот полубрат Рајко тврди оти Метод бил ужаснат од убивањето на животните и крвта.

По задолжителниот воен рок во Југословенската народна армија (ЈНА), тој кратко работел во Словенија каде бил незадоволен од платата, одлучил да се пресели во Германија. Четири години работел во Порше, каде научил занает и созреал како маж.

Тој имал два пропаднати брака, а првпат се соочил со полицијата кога со измама се обидел да присвои изнајмен автомобил од Германија. Полицијата го открила и тој заработил 13 месеци затвор.

Се верува дека тогаш на Тробец му „пукнал филмот“ и уште додека бил во притвор, покажувал знаци на психичка нестабилност. Вршел мала и голема нужда во креветот, а по повеќе тестирања и терапии со електрошокови, и покрај тоа што му е констатирана дијагнозата психопатија, тој е ослободен.

По распадот на неговиот втор брак, тој почнал да пие и да краде, што според „Ескпрес“ најверојатно бил единствениот начин за Метод Тробец да воспостави некаков контакт со луѓето. Во средина на 1979 година, тој ја направил груба грешка и го открил своето „демонско“ лице.

Метод Тробец претепал германски турист, а откако тој го пријавил во полција, надлежните стигнале до неверојатни сознанија. Во неговиот дом, освен купиштата украдена роба, разни апарати и облека, имало многу женски работи: долна облека, фустани, торби, чевли, чадор и документи.

Тој тогаш ништо не ѝ одговорил на полцијата за потеклото на овие работи, а кога по нападот врз германскиот турист бил осуден на осум години затвор, работите почнале да откриваат. Тие почнале да го истражуваат неговиот случај и отишле во напуштената куќа во која тој некогаш живеел.

Речиси на секој чекор во дворот, кај ѓубрето и во самата зграда иследниците нашле јагленосани остатоци на черепи на пет човечки тела, делови од облека и многу други работи. Андреј Полак, обвинител од Крањ, на крај од арпил 1980 година, напишал во обинението дека Метод Тробец е одговорен за смртта на пет жени: Вида Марковиќ, Маријана Цанкар, Уршка Бречко, Ана Плевник и Зорка Николиќ.

Доказите против него биле само коски и пепел од починатите. Обвинет за убиство на пет жени, Метод Тробец ги признал убиствата. Сепак, се поставувало прашањето како овие жени стигнале во неговата „печка од пеколот“?

Се верува дека сите овие жени биле несреќни и отфрлени од општеството. Кога исчезнале, никој не ги барал; кога се дознало дека биле убиени, на никого не му било гајле. Вида имала ментални проблеми, Маријана патела од епилепсија, Уршка не можела да одржи рамнотежа, Ана премногу пиела, додека Зорка била пацент во психијатриска клиника.

Иако сите случаи се посебни и имаат различни приказна, тој најчесто ги заведувал жените и ги пренесувал во својот дом, каде ги убивал и им ги горел телата.

– Докажаниот психопат, клептоман и алхоличар за нив бил соговорник кој им одговара и пријател во ноќта. Им нудел друшвто, сексуално задоволство и смрт. Ги убивал во моментите на лажна нежност – пишува „Експрес“.

Според зборовите на обвинителот Андреј Полак: „Ги убивал намерно и со сексуално задоволство“.

И додека убиецот ја „служел“ првата четвритина од неговата затворска казна, словенечките полицајци кои биле на воена вежба во 1984 година во близина на неговата поранешна куќа, меѓу циглите во малтерот, пронашле лична карта и здравствена книшка на извесна Олга Пајиќ. Податоците од политичките картотеки многу брзо откриле дека станува збор за 36-годишна работничка во фабриката „Рог“ која била исчезната без траг во летото во 1975 година. Истрагата, меѓутоа потврдила дека таа била прва по ред и шеста во вкупниот биланс од жртвите на Тробец.

Затоа, до денес не е откриена тајната за тоа колку жени убил Метод Тробец, поради фактот што тој во 2006 година извршил самоубиство и своите дела ги однел заедно со себе во гроб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот