Најново француско истражување: Позарзни варијанти на коронавирус во регионот на Париз

epa08968629 People walk next to an open bookseller kiosk as others are closed, along the Seine river, near Notre-Dame Cathedral in Paris, France, 27 January 2021. Most of bookseller kiosks were closed recently after the number of tourists drastically decreased amid the coronavirus pandemic. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Првите резултати од истражувањето во регионот на Париз, со кое се направи проценка за присуството на повеќе видови на коронавирусот во Франција „не се добри”, рече Реми Саломон, претседател на медицинската комисија на Париските болници и јавна помош (АП-ХП), зборувајќи за „експоненцијален раст”.

„На седми јануари бевме приближно околу шест отсто и минатата недела се искачивме на петнаесет до дваесет проценти. Тој ќе стане доминантен  во следните две до четири недели. И бидејќи е од 40 до 70 отсто позаразен, ќе дојде до забрзување на епидемијата ако не сториме значително повеќе. Тоа е она што нè плаши“, изјави Реми Саломон за Франсинфо.

Тој смета дека за да се забави ширењето на вирусот разумно е да се затворат училиштата можеби за три недели ии за месец, а потоа повторно да се отворат и рече дека се залага само за работа од далечина.

Второто истражување наменето за проценка на присуството на нови варијанти на коронавирусот во Франција треба да ги даде прелиминарни резултати на почетокот на неделата.

Оваа брза истрага се состои од повторна анализа и потоа секвенционирање на голем примерок од позитивните тестови ПЦР извршени минатата среда за да се утврди дали станува збор за вообичаен вид на СарсКов2  или за една од варијантите кои се појавија во последниве недели во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.

Првата студија, која разгледуваше само вируси од британскиот вид, овозможи да се процени дека варијантите се одговорни за 3,3 отсто од случаите на Ковид-19 дијагностицирани од РТ-ПЦР во Франција на 7 и 8 јануари, со хетерогено присуство на националната територија што може да варира од 0,2 проценти во Бургоњ-Франш-Комте до 6,9 отсто во Ил-де-Франс “.

Врз основа на прелиминарните резултати од ова второ блиско истражување, министерот за здравство, Оливие Веран, посочи дека циркулацијата на англиската варијанта се интензивира за педесет проценти секоја недела, но на помалку интензивен начин отколку во странство, каде што се зголемува од  седумдесет до сто проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот