Најново истражување потврди: Две навики значително го зголемуваат ризикот од зараза со коронавирус

Граѓани со заштитни маски во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Шпанските научници направија испитувања како различните однесувања и навики можат да влијаат на веројатноста до зараза со коронавирусот и дошле до интересно откритие: доставата на намирници и роба од супермаркети, како и шетање на домашните миленици, најмногу го зголемуваат ризикот од заразување од ковид-19.

Хигиена после прошетка

Се смета дека кучињата можат некаде да го фатат вирусот и потоа го шират кога нивните сопственици ги допираат. Животните не може да се разболат, но бидејќи можат да им го пренесат вирусот на членовите на фамилијата, авторите на истражувањата предупредуваат сопствениците на кучињата да имаат зголемена хигиена при и после шетање на животните.

Фото: Ekaterina Demidova / Alamy / Alamy / Profimedia

Онлајн нарачување

Освен тоа, истражувањето кое заеднички го направиле Универзитетот во Гранада и Андалузиското училиште за јавно здравје покажало дека онлајн нарачувањето на роба од супермаркет со достава до дома го зголемува ризикот од зараза за неверојатни 94 отсто, што значи дека е поопасно отколку самите да одите во продавница.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот