Најново истражување: Коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе преку доење

unsplash

Мајчиното млеко е безбедно дури и ако мајката е заразена со коронавирус. Вирусот не се пренесува на новороденчето преку доење – покажало најновото истражување спроведено од експерти од Одделот на неонатологија на Универзитетот во Торино.

„Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе преку доење, што е навистина важно откритие“, рече професорот Дејвид Лембо, директор на Универзитетската лабораторија за молекуларна вирусологија на Одделот за клинички и биолошки науки во Торино.

И истражувањето на тимот од Торино открило дека кај мајки кои биле позитивни на Ковид-19 и се придржувале до сите здравствени мерки (носеле маски за лице, одржувале хигиена на рацете и редовно ги дезинфицирале предметите што ги користеле), ниту едно бебе не се заразило од својата мајка.

„Резултатите се охрабрувачки и за мајките и за здравствените работници кои се грижат за здравјето на мајките и децата“, изјави професорот Лембо.

Доењето не треба да се прекине

Истражувањето објавено од италијанските експерти ги поддржува неодамнешните препораки на СЗО кои, дури и со малкуте достапни информации што ги имаа досега имајќи предвид за придобивките од доењето врз имунитетот на детето, ги советува и позитивните мајки на коронавирусот да дојат.

Професорот Лембо посочил дека антивирусното дејство на мајчиното млеко со години се истражува на Универзитетот во Торино, додавајќи дека се откриени и некои од неговите нови активни состојки кои можат да го заштитат новороденчето од вирусни инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот