Најновите податоци даваат надеж за опоравување на европската економија

Индексот „PMI“, што е мерка за активностите во услужниот и производствениот сектор во еврозоната, пораснал на 47,5 во однос на 31,9 во мај, пренесува „Бизнисинфо“.

Економијата во еврозоната покажа знаци на опоравување во јуни, според податоците кои го враќаат оптимизмор.

Индексот „PMI“, што е мерка за активностите во услужниот и производствениот сектор во еврозоната, пораснал на 47,5 во однос на 31,9 во мај, пренесува „Бизнисинфо“.

Според анкетите кои ги спроведе „Ројтерс“ економистите во јуни очекувале овој индекс да биде на пониско ниво од 42,4.

Податоците на пазарите им даваат уште еден показател со кој се мери опоравувањето од застојот на економиите во земјите од еврозоната.

Овие податоци доаѓаат по по вториот позитивен показател на регионалното економско опоравување.

Во понеделникот податоците за довербата на потрошувачите за еврозоната и Европската унија покажаа понатамошно подобрување во јуни. Од друга страна, неодамнешните податоци за невработеноста создадоа загрижувачка слика, особено за младите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот