Најнови светски податоци за коронавирусот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 459.671 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 20.821, а оздравеле 113.776 лица.

– Пандемиjaта на Ковид-19 во светот однесе животи на повеќе од 20 илјади луѓе во светот, од кои поголемиот дел се во Европа (13.581).

– И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел за коронавирус е негативен, но на почетокот од наредната седмица повторно ќе и биде направен тест, соопшти претставник на Владата во Берлин.

– Мерките што ги презеде државата Њујорк, САД за да се запре ширењето на коронавирусот изгледа функционираат, затоа што во последните денови е намалено темпото на хоспитализација на новозаразени, соопшти гувернерот на државата Ендрју Куомо.

– Во Русија починале две лица за кои после смртта е утврдено дека имале коронавирус. Тие биле на возраст од 88 и 73 години. Точната причина за смртта на пациентите не е откриена.

– Во Луксембург се примени Французи болни од Ковид-19 на кои им е потребна интензивна нега.

Канада воведува обврзна самоизолација од 14 дена за сите кои ќе влезат во државата. Во земјата досега има 3.197 потвдени случаи на коронавирусот, а починале 27 луѓе.

Палестинците го пријавија првиот смртен случај од коронавирусот. Се работи за жена во своите 60-ти години која живеела на Западниот брег.

– Во САД бројката на заразени надмина 60.000, а околу 800 лица починале.

– Во Естонија е регистриран првиот смртен случај. Од последици на Ковид-19 починал 83-годишен маж.

– Во Хрватска се потврдени 60 нови случаи со што вкупниот број на заразени достигна 442. Заразени се и тројца хрватски војници во Литванија. Досега оздравеле 22 лица.

– Бројот на смртни случаи во Швајцарија за 24 часа се зголеми за 31 и сега во земјата има 153 починати. Бројот на заразени достигна 10.897 лица.

– Во Уганда е заразено осуммесечно бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот