Најнови податоци за состојбата со Ковид – 19 до 20 часот

Бројот на починати во Турција се зголеми за 63 и достигна 277. Бројот на заразени до денеска изнесува 15.679 лица.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 912.565 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 45.541, а оздравеле 191.826 луѓе.

– Во Латинска Америка се регистрирани околу 20.000 заразени со коронавирусот.

– Во САД бројот на заразени надмина 200.000. Во последните 24 часа починале 463 лица, а бројот на новозаразени е 16.000.

– Мала заедница од 50.000 етнички Кинези во тосканскиот град Прат нема ниту еден случај на Ковид-19.

– Генералниот секретар на ОН го продолжи за неколку недели режимот на работа од далечина за вработените во централата на организацијата.

– Путин потпиша закон со кој се зголемуваат казните за прекршување на карантинот.

– Бројот на починати во Турција се зголеми за 63 и достигна 277. Бројот на заразени до денеска изнесува 15.679 лица.

– Италијанскиот премиер Џузепе Конте побара од Германија повеќе европска солидарност, за да се надмине „цунамито”, предизвикано од пандемијата на Ковид-19. – Ако сме една унија, сега е моментот да го докажеме тоа, напиша Конте во статија која ќе биде објавена во германското списание „Цајт”.

– Европскиот парламент изрази подготвеност да отстапи свои згради за сместување на болни од Ковид-19, ако се јави потреба од дополнителен простор.

– Бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со пандемијата на Ковид-19.

– Чешките пивници престанаа да продаваат точено пиво во буриња и наместо тоа предлагаат шишиња и конзерви.

– Во Италија во последните 24 часа има нови 727 починати и вкупниот број на смртни случаи до денеска изнесува 13.155. За споредба, вчера починаа 837 лица што значи дека има пад на бројките. Вкупно заразени се 80.572, а оздравеле 16.847. Вкупниот број на заразени, оздравени и починати од почетокот на пандемијата, во Италија изнесува 110.574.

– Смртните случаи од новиот коронавирус во Канада се над 100. До денеска починале 105 лица, 16 повеќе од вчера, а вкупниот број на заразени изнесува 9.017.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот