Најнови податоци за коронавирусот во светот

Фото: EPA-EFE/MANUEL BRUQUE

поред најновите податоци, во светот досега се регистрирани 239.837 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.953, а оздравеле 86.681 лица.

– Вкупно 5.322 нови заразени случаи и 427 нови смртни случаи во Италија. Вкупниот биланс на починати во Италија достигна 3.405 и го надминува кинескиот, станувајќи земја со најголем број смртни случаи од коронавирус во светот.

– НАТО најави прекин на сите мисии во Европа, со цел да помогне во спречување на ширењето на Ковид-19.

– Во Британија бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 137 лица.

– Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс, кој беше задолжен за борбата против коронавирусот, поднесе оставка.

– Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека секојдневно на коронавирус се тестираат десетици илјади Американци.

– Бројот на заразени случаи во Шведска се зголеми на 1.439 лица.

– Двајца претставници во американскиот Конгрес се заразени со коронавирус и се наоѓаат во самоизолација, објавија западните медиуми.

– Во Јужна Кореја се регистрирани нови 152 случаја на заразени, чиј вкупен број достигна 8.565 лица. Во претходните четири дена бројот на новозаразени дневно се зголемувал за помалку од 100 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот