Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа - Слободен печат

Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа

И сервисот „Севир Ведр Јуроп” (Severe Weather Europe) кој следи невремиња во Европа, вчера објави што се очекува во февруари, а најави и каква би можела да биде пролетта.

Според месечната прогноза што денеска ја објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ЕЦМВФ), зимата во Европа е завршена.

Имено, позитивно температурно отстапување се очекува во сите седмици до 1 март и почетокот на климатолошка пролет. Очекувано температурно отстапување е најзабележително и најизразено во Русија од каде доаѓаат пристигнуваат зимски пејзажи.

Тоа не значи дека нема да има краткотрајни фронтови или можеби и циклони кои можат да донесат снег, но од големите зимски сценарија, се чини дека ништо нема да се случи. Во прилог на ова оди и фактот што се предвидуваат помалку врнежи од просечните, што значи продолжување на доминацијата на топлите антициклони, пишува Истрамет.

И сервисот „Севир Ведр Јуроп” (Severe Weather Europe) кој следи невремиња во Европа, вчера објави што се очекува во февруари, а најави и каква би можела да биде пролетта.

Прочитајте и...  Дали плаќате со пари или картичка? Еве што не тера да трошиме

Со оглед на тоа што над поголемиот дел од Европа и Азија ќе се задржи висок притисок на воздухот, и во февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за тој период од годината. Тоа значи дека дополнително се продолжува веројатноста дека над континентална Европа нема да има вистинско зимско време.

„Севир Ведр Јуроп” истакнува дека секогаш постои можност за преоден ладен образец бидејќи студениот фронт може да премине низ Европа, но според сегашните анализи веројатноста за тоа е многу мала. Како се доближува февруари, така и поларниот вител полека ја губи силата и секаква поголема промена во динамиката, во смисла на доаѓање на ладен воздух, би била премногу доцна за да се создаде одржлив образец на студено време.

Прочитајте и...  Бугарските власти поради птичји грип ќе усмртат 5.380 патки

Прочитај повеќе

Се стеснува просторот за уште едно „не“ од Брисел

Слободанка Јовановска

Бројот на починати од коронавирус во Хубеи се искачи на 1.789 луѓе

Слободен печат

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Никој не верува дека политиката ќе ги тргне канџите од судството

Соња Христовска Угриновска

Шахин: До крајот на месецот ќе биде потпишан Мировниот договор помеѓу талибанците и САД

Слободен печат

Најпрометниот европски аеродром „Хотроу“ се соочува со потешкотии

Слободен печат

Остави Коментар

7 + дваесет =

Прочитај повеќе

Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Слободен печат

Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Слободен печат

Зекири: Не смееме да се јавуваме по судии и да бараме услуга

Слободен печат

Основачот на „Амазон“ ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

Слободен печат

ЕДИ РАМА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: За Албанија собрани 1,15 милијарди евра

Слободен печат

ЕУ и додели на Албанија 100 милиони евра, Велика Британија милион фунти, а Шведска 5,6 милиони евра

Слободен печат