Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денешната најнова статистика на Институтот за јавно здравје, покажува дека во последното деноноќие во повеќе скопски општини пораснал бројот на заразени лица со коронавирус. Така, споредено со вчера, има еден нов пациент од Карпош, три нови лица од Кисела Вода, двајца од Гази Баба и едно ново лице кај кое е дијагностициран ковид 19 од Центар. Плус еден пациент споредено со вчера има и во скопската општина Чаир.

Новата дневна мапа покажува дека во Карпош сега има 29 пациенти, 23 од Кисела Вода, 22 од Гази Баба, 21 оц Центар, 11 од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 4 од Чаир, едно лице од Илинден и еден странец. Има и 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје.

Вкупниот број на пациенти во Скопје, се искачи на 142 лица. Од овие 142 лица, според статистиката на Институтот за јавно здравје, две се излекувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот