Најнов пресек на ковид-19 во Црна Гора: Нови 502 случаја и девет починати пациенти

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Лабораториите на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, како и останатите државни и приватни лаборатории кои се занимаваат со дијагностика на инфекции на новиот коронавирус извршија анализа на 1.739 материјали меѓу кои регистрираа 502 нови случаја на ковид-19.

Најголем дел од новите откриени случаи се евидентирани во Подгорица (237), во Никшиќ – 37, во Херцег Нови – 33, во Котор – 30, во Бело Поле – 28, во Будва – 24, во Беране – 20, итн.

Од последниот пресек се пријнавени и девет смртни случаи поврзани со ковид-19 и тоа кај двајца пациенти од Беране и од Херцег Нови и по еден од Бело Поле, од Подгорица, од Бар, од Улцин и од Котор.

Вкупниот број на починати во земјата од јуни изнесува 420, а од почеток на годината – 429. Во изминатото деноноќие се заведени и 163 оздравени пациенти. Вкупниот, пак, број на регистрирани случаи на инфекцијата е 30.079.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот