Најнов ковид-19 пресек во Хрватска: Нови пациенти – 4.009, починати – 51

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска, за последните 24 часа, пријави 51 смртен случај и 4.009 новозаразени со коронавирусот, што е најголем дневен број досега.

Во земјата, заклучно со денеска, има вкупно 21.725 активни случаи, 2.171 се болнички пациенти од кои 252 се приклучени на респиратор, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Досега во Хрватска се регистрирани вкупно 115.626 лица со ковид-19, од кои 1.552 починаа, додека 92.349 се водат како излекувани од кои 2.924 во последните 24 часа.

Во моментот има 50.165 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 713.729 лица, само во псоледното деноноќие – 11.487.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот