Најнов изум на технолошкиот гигант: „Невидливата“ тастатура на Самсунг

Ако секојдневно ја користите традиционалната тастатура, вашите прсти се веќе извежбани и се што треба да направите е да се навикнете дека не постои вистинска тастатура пред вас во која можете да гледате.

Самсунг измислиле „невидлива“ тастатура која им овозможува на корисниците да ги притискаат копчињата директно на масата или било која друга рамна површина, без потреба на држење на телефонот. Тастатурата се потпира на вештачка интелигенција и селфи-камера, која треба да ги препознае движењата и да ги претвори во стискање на копчињата на екранот.

„Selfie Type“ е креиран на иницијатива на „Samsung C-Lab“ одделението на компанијата и неодамна е претставен на јавноста. Виртуелната тастатура не е некоја новост, но претходните верзии кои и беа достапни на пошироката јавност, работат така што проектираат ласерски зраци на површината во облик на тастатура, за да им биде полесно на корисниците да ги притискаат копчињата.

„Selfie Type“ е различен, бидејќи ги анализира вашите зглобови, а не вашиот телесен притисок на површината. Ваков вид на тастатура не е најдобро решение за некој што не е добар во пишување на неа, пренесува Сан.

За среќа на корисниците, „Selfie Type“ апликацијата има туторијал кој објаснува на корисниците како нивните прсти се мапираат при притискање на одредено копче. Ако секојдневно ја користите традиционалната тастатура, вашите прсти се веќе извежбани и се што треба да направите е да се навикнете дека не постои вистинска тастатура пред вас во која можете да гледате.

Овој проект е во рана фаза на развој, затоа е малку веројатно дека за брзо ќе видиме мобилен телефон или таблет со оваа способност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот