Најниски утрински температури измерени во Берово, највисоки во Гевгелија и Дојран

Најниски температури утрово се измерени во Берово -7 степени, во Крушево и Струмица – 3 степени и во Тетово, Штип и Демир Капија – 2 степени целзиусови. Во Скопје се измерени 0 степени на мерното место кај Петровец и 1 степен кај Зајчев Рид. Највисока утринска температура од 5 степени целзиусови е измерена во Гевгелија и Дојран.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово во Крушево висината на снежната покривка изнесувала 1 сантиметар.

Во текот на ноќта времето било умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Изутринава е малку до умерено, а во јужните и северозападните делови и значително облачно.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и источен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот