Најнеобичната супа што сте ја пробале досега: Чорба од сирење и пиво

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Пробајте го рецептот за оваа интересна чорба која во себе содржи интересни состојки, но вкусот е феноменален.

Омилен алкохолен пијалак за повеќето луѓе е пиво, а сега можете да го искористите и за правење чорба.
Неверојатна кремаста чорба од пиво и сирење е интересен оброк за оние кои би сакале да пробаат нов вкус. Наместо во чинија, може да издлабите лепиња, па да ја сипете чорбата во неа и да ја послужите на тој начин. Ваква чорба сигурно досега не сте пробале.

Состојки:

– 1 кромид
– 3 моркови
– 2 стебленца целер
– 6 лажици путер
– 1/2 шолја брашно
– 480 мл пиво
– 2 шолји пилешки бујон
– 1 шолја павлака за готвење
– 230 грама чедар
– 2,5 шолји тврдо сирење по желба
– 1 лажица сенф во прав
– сол, бибер, пипер, лук во прав

Подготовка:

Исечкајте го кромидот, целерот и морковите. Ставете ги во поголемо тенџере и динстајте додека зеленчукот не омекне. Додадете брашно, па мешајте додека не почне да се згуснува, додадете го пивото, бујонот, павлаката за готвење и гответе на тивок оган.

Повремено мешајте и оставете ја смесата така околу 5 минути. Додадете го сирењето, па зачините и мешајте додека сирењето не се стопи. Потоа додадете го и чедарот.

Украсете ја чорбата со пропржена сланина или магдонос, по желба.

Дополнителен совет: Чорбата чувајте ја херметички затворена во фрижидер до три дена, така малку повеќе ќе згусне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот