НАЈМОРНИЧАВИ сајтови на Интернет: Може да се изнајми убиец за 20.000 евра!

Нормален човек не би ни помислил дека вакво нешто може да се најде на Интернет и дека постојат сајтови специјализирани за вакви работи.

Изнајмување на убиец
Јасно ви е за што служи овој сајт, а цените на услугите се движат од 50 долари за секоја скршена коска, до 350 долари за претепување, додека убиство се наплаќа со почетна цена од 20.000 долари. Деца и Топ 10 политичари не можат да бидат мети.

PlainCrashInfo
Збир на аудиозаписи и транскрипти од црните кутии на авиони кои биле урнати или кои паднале. Најпопуларен материјал им е уривањето на кулите близначки во Њујорк.

Сајт за духови
Колекција од морничави приказни за духови. Сите приказни се наводно вистинити и се случиле ширум светот, а заедничко им е дека убијците се – духови.

IRL Kanibali
Основан е во 1994 година во интернет-кафе во кое можеле да се нарачаат човечки специјалитети. Сајтот е затворен во 2004 година откако еден Германец изел свој сонародник, а тоа било поврзано со овој сајт. IRL Kanibali дури и продавал замрзнато човечко месо и нудел рецепти за готвење на луѓе.

Gore Websites
Сајтови кои нудат нецензурирани слики и видеоснимки на насилства над луѓето и животните, изобличени пациенти и најодвратни гадости кои не можеме ни да ги замислиме.

Упатство за самоубиство
Овој сајт настојува да им помогне на луѓето да се самоубијат, а според Гугл, такви има барем 50.000 месечно според резултатите на пребарувањата. Сајтот нуди детално разработени планови за самоубиство, опишувајќи делување на избраниот метод, на пример самоубиство со цијанид, нивоата на болка која самоубиецот мора да ја истрпи во периодот до настапување на смртта.

Човечка кожа
Користејќи донирана кожа овој легален и јавно достапен сајт се занимава со производство на предмети од човечка кожа земени од грбот или стомакот на луѓе кои починале. Производите од човечка кожа достигнуваат цена и до 27.000 долари.

Сајтови за надзор
Еве зошто треба да ги покривате камерите – за манијаците да не ве шпионираат. Неколку сајтови нудат можност за следење во живо на луѓе и објекти во целиот свет во секој момент. Тоа го прават преку камерите во лаптопите или на компјутерите. Деца во градинки, сообраќајки во живо….
Што е најлошо, овие сајтови ги прикажуваат точните координати на камерите со која се шпионира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот