Најмоќната жена во светот на модата Ана Винтур: Во мојата гардероба нема место за флуоресцентни бои

Модните дизајнери честопати во последен момент ги менуваат своите колекции поради нејзин коментар, што доволно зборува за тоа колку ја ценат или колку се плашат од најмоќната жена во модната индустрија.

Instagram

Во продолжение прочитајте некои од безвременските правила на најострата модна критичарка.

Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите облечени двапати во исто парче облека или иста комбинација. Ана не се согласува со тоа и советува да рециклираме облека.

„Секогаш е забавно да имате нешто ново, но тоа не значи дека морате да ја фрлите облеката што веќе ја имате во плакарот. Рециклирајте. Тоа е во ред. Дури и ви го препорачувам тоа“, вели таа.

Не дозволувајте во вашиот плакар да преовладуваат парчиња облека што се моментално „ин“ и секогаш оставајте најмногу простор за класична облека.

Ана Винтур претпочита дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и логоа кои го свртуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на самата облека, нејзиниот крој или бојата.

Да купите такви парчиња облека е поисплатливо на подолг рок бидејќи веројатно ќе се уморите од маици со некаков инспиративен цитат или лик од некој цртан, но секогаш ќе сакате повторно да носите некоја едноставна маица затоа што е полесно да ја комбинирате во разни прилики.

Ана повеќе од 25 години носи ист модел на чевли. Сандалите „Manolo Blahnik“ за прв пат ги носела во 1994 година  и оттогаш не можела да живее без нив.

Легендарните сандали „Manolo Blahnik“ / Popsugar

Кога еднаш ја прашале Ана кој моден тренд би го забранила засекогаш, одговорила:  „Јас навистина не сакам најлон.“

Највлијателната жена во модниот свет претпочита што е можно поприродни материјали.

Морате да бидете свесни дали воопшто ви одговараат парчиња што сакате да ги носите, со цел да го извлечете најдобро од облеката што ја купувате.

Instagram

За време на еден од тениските турнири на „US Open“, Винтур имала важен совет за сите кои ќе ги следат натпреварите во живо:

„Не заборавајте да носите очила, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат тие грди флуоресценти бои.“

Таа вели дека обожава храбри бои и не се двоуми кога ги носи, но во нејзината гардероба немало место за флуоресцентни бои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот