Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе за дескриминацијата на жените во пандемијата

epa-efe

Најмоќната деловна жена во светот, Шерил Сандберг, главен оперативен директор на компанијата „Фејсбук“, одлучи да открие некои детали од нејзиниот деловен и приватен живот.

Шерил во интервју за „Daily Mail“ откри дека пандемијата била „катастрофална“ за жените, особено за оние кои покрај тоа што работат, чистат, готват, се грижеа и за своите деца кои следеа настава од дома.

Постарите жени на работното место во карантините имаа четири пати поголема веројатност да завршат како технолошки вишок. Како некој што го знае шокот да се биде технолошки вишок, започнав кампања за да ја истакнам дискриминацијата со која се соочуваат постарите жени на работните места“, вели Шерил.

epa-efe
Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Имам 51 година, и полека доаѓам до таа фаза. Имено, во „Фејсбук“ на 35 години ми рекоа дека сум средовечна. Веќе долго време се залагам за жените и нивните работни места, но досега не зборував за жените во средни години“, рече таа.

Пандемијата, како што вели таа, била катастрофална за жените затоа што огормен дел од нив се соочувале со откази. На есен, организацијата на Санберг, „Lean In“, која ја основаше за да им помогне на жените да ги постигнат своите амбиции, откри дека 25% од жените размислуваат да се префрлат на пониска позиција или да дадат отказ поради преголемиот притисок.

epa-efe
Фото: Шерил и нејзиниот покоен сопруг Дејв Голдберг / EPA/ANDREW GOMBERT

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, Шерил раскажа дека нејзиниот прв сопруг Дејв Голдберг ненадејно починал додека вежбал на трака за трчање на само 47 години во 2015 година, оставајќи ја вдовица со две мали деца. Нејзиниот нов партнер е Том Бернтал, извршен директор и разведен татко со три деца, кој бил добар пријател на нејзиниот зет Роб, кој исто така и ги запознал.

Том дава неверојатно многу, способен е многу длабоко да комуницира за своите чувства и е еден од најдобрите татковци што некогаш сум ги видела“, рече таа.

Бидејќи поради карантините сите се преселиле заедно, Сандберг, покрај својата работа во „Фејсбук“, се соочила со сосема поинаква ситуација – нов партнер и три нови деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sheryl Sandberg (@sherylsandberg)

Жените секогаш го прават поголемиот дел од работата. Грижата за работата, грижата за децата и домаќинството е всушност работење во двојна смена. Ние работиме по 71 часа неделно по дома и се грижиме за децата, што е за 21 час повеќе од просечниот маж. Оваа состојба во домаќинството се повеќе ги погодува жените“, објасни Шерил.

Таа продолжи да раскажува дека братучетката на Том починала за време на карантините, што ги погодило сите, особено затоа што не можеле да присуствуваат на погребот, но заедно го надминале тој период.

epa-efe
Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Знаеме колку сме среќни затоа што имавме работа и не моравме да се грижиме како ќе ги платиме сметките. Дефинитивно поминавме многу време заедно и во тие тешки времиња станавме вистинско семејство“, тврди Шерил додавајќи дека во тој период се обидела да направи сé за да ѝ помогне на пошироката заедница.

И тоа не е само празна фраза. Сандберг навистина многу пати ја користела сопствената платформа за да се обиде да им помогне на другите жени.

epa-efe
Фото: EPA/BRITTA PEDERSEN

По легендарниот говор „Lean In TED Talk“ во 2010 година, Шерил ја напиша својата истоимена книга „Lean In“, охрабрувајќи ги жените да бидат амбициозни. Книгата се продаде во 4,2 милиони примероци ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот