Најмоќната руска нуклеарна подморница вплови во Медитеранот

Руска нуклеарна подморница фото Профимедиа

Руска нуклеарна подморница се наоѓа во Средоземното Море, а нејзината цел е да го одвлече вниманието на силите на НАТО од војната во Украина.

Според воените аналитичари разузнавањето со отворен код сугерира дека руска нуклеарна подморница оперира во близина на Италија. Нуклеарните подморници се најмоќните и најтрајните средства на руската морнарица.

Подморницата „Северодвинск“ се смета за најдобра офанзивна подморница во руската морнарица со невидливост за радарите и сп стелт карактеристики.

International Business Times пишува дека станува збор за најмоќната и најнапредната руска подморница која може да носи до 40 крстосувачки ракети „Калибр“, сите со опција да носат и нуклеарна боева глава.

Според извештаите, не е јасно колку долго подморницата оперира во регионот. Италијанската влада го потврди присуството на подморницата,

„Движењата на руските единици во Средоземното Море се познати. „Подморницата транзитира во меѓународните води без да го наруши суверенитетот на крајбрежната област на земјата“, објави владата на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот