Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Фото: МИА

 Во Крушево има 14 сантиметри снег, 12 во Маврови Анови, 11 во Битола,  шест во Пожаране, пет во Ѓуриште, три во Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 37 сантиметри, а таму изутрина во 7 часот е измерена и најниската температура во државава од  – 7 степени.   Во Крушево има 14 сантиметри снег, 12 во Маврови Анови, 11 во Битола,  шест во Пожаране, пет во Ѓуриште, три во Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минусни температури изутрина се измерени и во Маврово  -3, Kрушево – 2 и  Битола и Тетово од – 1, а нула степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Штип, Охрид, Берово. Еден степен над нулата изутринава било во Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Претор, два во Виница, три во Гевгелија, а четири во Демир Капија.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали насекаде и ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, околу пладне и попладне сончево. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот