Најмногу парови прават веридба во декември, а ова се трите најпопуларни датуми!

И покрај тоа што Валентајн е празникот на љубовта, најмногу парови прават веридба на еден друг празник кој што се приближува.

Станува збор за Божиќ, барем според анализите на популарниот сајт за планирање на венчавки Bridebook.

Според нивните статистики, најмногу веридби настануваат во периодот околу Нова Година и Божиќ, а бројот на веридби во декември е поголем за 40% во однос на другиот период во годината. Во овој период најпопуларни датуми за веридба се Божиќ, Бадник и Нова Година.

„Наредните неколку недели очекувајте вашиот инстаграм-профил да биде преплавен со фотографии од прстени под божиќните дрвца, со популарниот #proposalseason (сезона на веридби)“, најавил основачот на страницата Hamish Shephard за Harper’s Bazaar.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот