Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, Северна Македонија 4,1 илјада тони

Кафе/ Фото: МИА

Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Истовремено во нашата земја биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат, објавени по повод Меѓународниот ден на кафето 1 Октомври.

Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.

Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Храватска – 10,7 илјади тони, потоа Северна Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе.

Најголем производител на пржено кафе во ЕУ е Италија со 616 илјада тони или 32 проценти од вкупното прозиводство на ниво на цела ЕУ, по што следат Германија со 571 илјади или 30 отсто, Франција 149 илјади или 8 проценти.

Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од седум проценти споредено со 2010 година.

Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот