Најмногу фудбалери во четвртфиналето на СП има Премиер лигата и клубовите од Манчестер

Фудбалерите од Премиер лигата најзастапени на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Најмногу играчи од репрезентациите кои се дел од четвртфиналето на Светското првенство во Катар настапуваат во англиската Премиер лига, додека шпанската „Ла Лига“ е втора најзастапена лига.

Дури 62 играчи од 14 елитни англиски фудбалски клубови сè уште учествуваат на Мундијалот, а и покрај елиминацијата на Шпанија од Мароко, „Ла Лига“ е втора најзастапена лига со 30 играчи.

Иако Италија не успеа да се квалификува за СП, Серија А е на третото место со 23 фудбалери кои играат во девет различни клубови.

Следува француската „Лига 1“ Ле со 18 играчи од осум клубови, германската Бундеслига со 17 играчи и холандското првенство со 11 играчи од три клуба. А има и шест играчи кои доаѓаат од најквалитетната хрватска лига.

Најмногу претставници во четвртфиналето по 11 имаат Манчестер сити и Манчестер јунајтед, потоа ПСЖ има осум играчи, Ајакс и Баерн по седум, а по шест екипите на Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Челси.

Најмногу играчи во четвртфиналето на СП по лиги –

– Премиер лига 62
– Ла Лига 30
– Серија А 23
– Лига 1 18
– Бундеслига 17

Најмногу играчи во четвртфиналето на СП по клубови –

– Манчестер сити 11
– Манчестер јунајтед 11
– ПСЖ 8
– Ајакс 7
– Баерн Минхен 7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот