ВИДЕО: Најмладиот пациент со ковид е едномесечно бебе, најмногу заболуваат децата до две години и од 9-16 години

Бесник Зеќири, директор на болница Козле / Утрински брифинг

Во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, која е пренаменета во ковид-центар, хоспитализирани се 19 деца позитивни на коронавирус, од кои четири се на кислородна поддршка. Сите се во стабилна состојба, вклучувајќи ги и децата кои се на кислордна поддршка. Ова денеска во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ го изјави директорот на болницата, д-р Бесник Зеќири.

Најмалото од хоспитализираните деца е едномесечно бебе. Најмногу деца се разболуваат на возраст од нула до две години и од 9 до 16 години. Децата кои се на возраст помеѓу две и девет години изледа имаат подобар имунитет, со оглед на тоа што поретко се разболуваат. Петнаесет од болните деца се на училишна возраст, може да се каже дека откако почна учебната година има мало зголемување на бројот на заболени деца, но ситуацијата не е алармантна, рече Зеќири.

Иако во ковид центрите посетите се строго забранети, во болницата во Колзе направен е исклучок од ова правило. Таму децата се придружувани од еден родител, најчесто од мајката.

– Околу 80 проценти од родителите кои се во придружба на нивните болни деца се исто така позитивни на ковид, така што нашите лекари истовремено се грижат како за децата, така и за родителите. Во болницата има црвена и зелена зона. Предниот влез е за болни од ковид, тука има две амбуланти кои ги прегледуваат итните случаи за кои веќе знаеме  дека се позитивни. Од другата страна, имаме зелена зона за деца со друга симптоматологија, алергии или останати хронични заболувања. Меѓутоа, хоспитализираме само деца позитивни ковид. Останатите на кои им е потребна хоспитализација ги препраќаме на Детската клиника или во градовите од каде што доаѓаат, објаснува Зеќири.

Во дворот на  детската болница „Козле“ има и монтажен објект кој никогаш не профункционирал како модуларна болница, туку има функција како тријажен центар. Во моментов, како што објаснува Зеќири, воопшто не го користат.

Ковид-заразени 17 вработени и 76 ученици во 21 училиште во Куманово од почетокот на учебната година

Тој апелира, сите родители кои имаат деца кои посетуваат училиште, да се вакцинираат без исклучок

 Треба да се вакцинираат родителите, но и децата. Веќе се вакцинирани околу 500 деца до 16 годишна воздраст. Добро би било да продолжи динамиката на вакцинација, како кај возрасните, така и кај децата, за да постигнеме колективен имунитет, нагласува Зеќири.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот