Најмладата жртва на ковид-19 во Албанија: Седум лица починаа, меѓу нив и 21-годишен пациент

Тирана, инфективна клиника/Фото: МИА

Во последното деноноќие, покрај големиот број новозаразени, во Албанија регистрирани се седум починати лица од ковид-19, меѓу нив и 21-годишен пациент, што е најмлада жртва до сега од вкупно починатите 1.230 лица од опасниот вирус.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа направени се 3.927 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 673 лица.

-Во исто време во списокот на оздравени се впишани 436 лица, а во четирите ковид болници се лекуваат 260 пациенти, 29 на интензвна терапија, од нив шестмина се интубирани, информираше министерството.

Истиот извор наведува дека до сега направени се 284.308 тестови, позитивни биле 62.378, оздравеле 36.971, активни на болеста се 24.177 лица.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу, по обиколката на стадионот „Ер Албанија” информираше дека се поставени сите планирани 60 кабини, каде ќе се спроведува имунизацијата против ковид-19, додавајќи дека според планот секоја минута ќе се вакцинира по едно лице.

По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.

Се очекува вакцинацијата во оваа земја да почне првите денови од третата недела на овој месец со вакцини на Фајзер, кога од договорените 500.000 треба да пристигнат првите 10.750 вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот