Најмладата Нобеловка Малала дипломираше на Оксфорд
Талибански напаѓач ја погоди во глава со огнено оружје во нападот во октомври 2012 година, а потоа е префрлена на лекување во Британија. Нејзиното семејство се пресели во Бирмингем.
Добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусaфсаи дипломираше на Универзитетот Оксфорд осум години откако е ранета во нападот на талибанците зошто јавно се залагаше за правото на девојчињата на образование во Авганистан.
Таа на Твитер објави слики од прославата со семејството.
Hard to express my joy and gratitude right now as I completed my Philosophy, Politics and Economics degree at Oxford. I don’t know what’s ahead. For now, it will be Netflix, reading and sleep. ? pic.twitter.com/AUxN55cUAf
— Malala (@Malala) June 19, 2020
– Тешко ми е да ја изразам радоста и благодарноста сега кога добив диплома од филозофија, политика и економија на Оксфорд – напиша Малала.
Таа додаде дека не знае што следува и дека засега тоа ќе биде „Нетфликс“, читање и спиење, пренесе АФП.
Малала стана позната на само 11 години, кога пишуваше блог на сервисот на Би Би Си на урду јазикот за својот живот во долината Сват под талибанците.
Талибански напаѓач ја погоди во глава со огнено оружје во нападот во октомври 2012 година, а потоа е префрлена на лекување во Британија. Нејзиното семејство се пресели во Бирмингем.
Малала тука заврши училиште, а во 2014 година доби Нобелова награда за мир заедно со индискиот активист Каилаш Сатјарти „за борба против репресиите над децата и младите луѓето и за право на сите деца за образование“.
Најмладата добитничка на Нобелова награда продолжи да се залага за правото на девојчињата на образование.