Најмалку тројца загинати во земјотрес на Бали

Земјотрес /Фото: МИА

Најмалку три лица загинаа, а седум се тешко повредени по земјотресот со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди индонезискиот туристички остров Бали.

Портпаролот на локалната агенција за справување со катастрофи, Абдул Мухари, информира дека се урнати неколку куќи и други згради во областа Карангасем.

Земјотресот се случил во 4.18 часот по локално време, со епицентар на осум километри северозападно од Карангасем, на длабочина од 10 километри, соопшти националната геолошка агенција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот