Најмалку три лица загинаа во експлозии во рускиот град Белгород, во близина на Украина

Експлозија во рускиот град Белгород/Фото: Твитер/Скриншот

Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, изјави регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот.

Оштетени се најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени, јави гувернерот Гладков на каналот Телеграм.

Гладков претходно изјави дека инцидентот се истражува, додавајќи: „Системот за противвоздушна одбрана веројатно функционирал”.

-Најмалку четири лица се повредени, а две се хоспитализирани, меѓу кои и едно десетгодишно момче, рече Гладков.

Британските медиуми не можат независно да ги потврдат извештаите за експлозиите, штетите, жртвите и повредените, а засега нема ниту реакција од украинска страна.

Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина, и претставува административен центар на регионот Белгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот