Најмалку шест жртви и двајца повредени при експлозија на бомба во Авганистан

Најмалку седум цивили загинаа, а двајца се повредени денеска при експлозија на бомба поставена покрај патот во авганистанската провинција Хелманд, соопштија локалните власти.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Омар Цвак изјави дека нивниот минибус налетал на бомба поставена покрај патот во областа Грешек.

Тој истакна дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Според локалните власти, талибанските бутовници контролираат огромна територија во покраината Хелманд, вклучувајќи го и округот Грешек. Владините сили го контролираат само главниот град Лашкарга и пет други окрузи, од вкупно 14 во покраината.

Бројот на цивилни жртви во Авганистан од 2009 година ја надмина бројката од 100.000 лица, соопшти Мисијата на ОН за помош во Авганистан кон крајот на декември минатата година.

Меѓународните сили предводени од САД се наоѓаат во земјата речиси две децении.

На 29 февруари Вашингтон потпиша договор со талибанците, со што се отвора патот за постепено повлекување на меѓународните трупи од Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот