Најмалку шест цивили повредени во нов ракетен напад во Израел

Ракета / Фото: Архива

Најмалку шест лица се повредени во ракетни напади во израелскиот град Ашкелон, соопштија израелските одбранбени сили на Твитер.

– Продолжуваат ракетните напади во јужен Израел, што резултираше со оштетување на станбена зграда во Ашкелон. Шест цивили се повредени, се вели во соопштението.

Засега не се соопштени повеќе детали.

Видео на денот