Најмалку пет загинати, а 32 повредени во експлозија на автомобил-бомба во Авганистан

Најмалку пет лица загинаа утрово, а 32 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во источниот авганистански град Газни, соопштија локалните власти.

Целта на бомбашкиот напад била зградата на авганистанската разузнавачка служба, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Газни.

Повеќето од убиените биле војници. Нападот е извршен во време на растечко насилство во Авганистан, и покрај договорот меѓу талибанците и САД за заминување на странските трупи од државата до средината на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот