Најмалку осум загинати и тројца повредени во стампедо на политички митинг во Индија

Фото: Принтскрин

Најмалку осум лица загинаа, а три се здобија со повреди во стампедо на политички митинг во јужната индиска држава Андра Прадеш.

Неколку илјади политички симпатизери се собраа на митинг на кој требаше да се обрати поранешниот главен министер на таа држава, Чандрабабу Наиду.

Метежот почна кога луѓето почнаа да се буткаат за да го видат лидерот на опозицијата и неговиот конвој како пристигнуваат на митингот.

Поради налетот на голем број луѓе, бетонската ограда пукнала и најмалку 20 лица паднале во одводен канал. Иако каналот не бил длабок, луѓето паѓале едни врз други, што довело до задушување и повреди.

Членовите на партијата на Наиду, Телугу Десам (ТДП), веднаш притрчаа да ги спасат жртвите, но две лица загинаа на лице место, соопшти локалната полиција. Останатите биле пренесени во блиската болница, но уште шест лица починале малку подоцна поради сериозноста на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот