Најмалку осум лица загинаа при уривање на зграда во Грузија

Урната зграда во Грузија/ Фото Twitter Screenshot

Најмалку осум лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога вчера се урна повеќекатница во градот Батуми, на грузискиот брег на Црното Море, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Се верува дека најмалку еден човек е заробен под урнатините, додека две лица се спасени. 36-годишен маж со сериозни повреди е пренесен во болница, јави ДПА.

Министерот за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури не ја отфрли можноста да се урнал потпорниот ѕид во куќата за време на реновирањето. Сопственикот на куќата и двајца градежни работници се уапсени под сомнение за прекршување на безбедносните прописи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот