Најмалку едно лице загина, а 62 побарале лекарска помош во пожар во Анталија

фото МИА

Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во Анталија, Турција, соопштија властите. Според Си -Ен -Ен, 62 лица побарале лекарска помош. Десет лица се заробени во шумскиот пожар што втор ден беснее во јужна Турција, соопшти денеска турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли, додека продолжуваат напорите за спасување и гаснење.

Пожарот, кој изби поради големата горештина во регионот, се случи вчера околу пладне во најблиската шума до Манавгат. Брзо се рашири поради силниот ветер и се уште не е целосно ставен под контрола. Администрацијата на Анталија истакна дека ова е најсилниот пожар со кој се соочиле.

Пакдемирли рече дека 82-годишен маж е пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри северо-источно од Манавгат, а 10 лица се заглавени во близина на браната Ојмапинар, рече тој. Единици се обидуваат да ги спасат луѓето, рече Пакдермирли.

Властите евакуираа 18 села и области во Анталија додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде турскиот министер.

Сите туристички екскурзии во овој регион се суспендирани се додека не се нормализира состојбата. Пожарот не претставува опасност за туристичките места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот