Најмалку една жртва во руски напад врз Киев

Фото: @venik44 / Twitter

Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади кои Русија ги изврши врз Киев во раните утрински часови, соопштија украинските воени власти.

Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран напади врз Киев, при што најмалку едно лице загина, а четворица се повредени.

Нарекувајќи го „масовен“ напад извршен во неколку бранови, шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко, на Телеграм соопшти дека Русија го извршила нападот користејќи само дронови Шахед од иранско производство.

Тоа беше трет напад врз главниот град на Украина во последните 24 часа. Не е познато колку вкупно дронови лансирала Русија.

Денешните напади беа 17-ти руски воздушен напад врз Киев овој месец и дојде откако градот вчера беше нападнат двапати, вклучително и невообичаениот напад во текот на денот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот