Најмалку еден загинат и над 120 повредени при протестите во Белорусија

Изборната комисија на Белорусија денеска ги објави официјалните резултати од вчерашните претседателски избори, според кои Лукашенко освои 80,23 отсто од гласовите.

Најмалку едно лице загина, а десетици се повредени во синоќешните протести во повеќе белоруски градови, што почнаа по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои шестпати по ред победи Александар Лукашенко.

Според локалните организации за заштита на човековите права еден човек загинал откако бил прегазен од полициско комбе, додека другите демонстранти се здобиле со повреди во судирите со полицијата. Во Минск се повредени 50 луѓе, а над 120 во цела земја.

„Амнести интернешнл” утрово на Твитер објави дека полицијата во Минск врз демонстрантите фрлила шест шок-бомби и истрелала неколку куршуми. Полицијата приведе над сто лица.

Изборната комисија на Белорусија денеска ги објави официјалните резултати од вчерашните претседателски избори, според кои Лукашенко освои 80,23 отсто од гласовите.

Додека главната опонентка на Лукашенко, Светлана Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите, додека другите тројца кандидати освоија помалку од два отсто.

Тихановскаја, 37-годишната професорка по англиски јазик, синоќа изјави дека поголемиот број граѓани се со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот