Фото: Илустрација

Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка

Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка откако ученик ги избоде со нож.

Инцидентот се случи во местото Спишка Стара Вес.

Лекарите од итната помош констатирале смрт на две лица. Според нив едно лице е во критична здравствена состојба.

Засега не е познат бројот на повредени луѓе.

Напаѓачот, 18-годишен ученик е приведен брзо по нападот. Според полицијата осомничениот нападнал учителка и двајца ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот