Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан

 Во самоубиствен напад во градот Лаџкаргах, јужен Авганистан загинаа десет луѓе, а двајца се повредени. Мета на нападот бил гланиот обвинител на Државната управа за разузнавање Сајед Махмуд Ага.

Напаѓачот со автомобил-бомба влетал во конвојот со кој се превезувал Ага. Во нападот загинаа Ага, неговиот телохранител, осуммина од неговата придружба, а повредени се двајца цивили.

Засега никој не презеде одгворност за нападот.

За неколку слични напади одговорност презеде Исламска држава. Додека авганистанските власти за нападите ги обинуваат талибанците.

Откако во септември минатата година во Доха почнаа мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците со посредство на САД, се интензивираа нападите во Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот