Најмалку четворица Палестинци се убиени во израелски напад

Фото: МИА

Израелската војска соопшти дека е урната куќата на Ахмад Кванбе, Палестинец кој е обвинет за помагање на Хамас на Западниот брег.

Најмалку четворица Палестинци се убиени во израелски напад во изминатите 24 часа, а десетици се повредени по зголемените тензии во окупираниот Западен Брег.

Израелските сили вчера убија двајца Палестинци за време на демонстрациите против уривање палестинска куќа во Јенин.

Израелската војска соопшти дека е урната куќата на Ахмад Кванбе, Палестинец кој е обвинет за помагање на Хамас на Западниот брег.

До ескалација дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го најави мировниот план за Блискиот исток, за кој аналитичарите велат дека во голема мерка е наклонет кон Израел, поради што Палестинците го одбија.

Планот на Трамп повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот