Најмалку 800 жртви во светот поради дезинформации за Ковид-19

Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како резултат на лажни информации на социјални медиуми.

Најмалку 800 луѓе починаа низ целиот свет поради дезинформации поврзани со коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научници.

Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како резултат на лажни информации на социјални медиуми.

Би-Би-Си пренесува дека многумина починале затоа што пиеле метанол или алкохолни средства за чистење. Тие погрешно верувале дека овие производи се лек за вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека „инфодемијата” околу Ковид-19 се шири толку брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласини и културна стигма придонесуваат за смрт и повреди.

Многу од жртвите следеа совети кои потсетуваат на веродостојни медицински информации – како што се јадење голема количина лук или голтање големи количини на витамини – како начин да се спречи инфекцијата, велат авторите на студијата.

Други пиеле супстанции како што е кравја урина. Сите тие дејства имаа „потенцијално сериозни последици” за нивното здравје, велат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот