Најмалку 66 починати од ковид во изминативе 24 часа во регионот на Западен Балкан

Најмалку 66 луѓе лица починаа од последиците од вирусот корона во регионот на Западен Балкан во последните 24 часа, а регистрирани се околу 5000 новозаразени Најголем број смртни случаи има во Косово – 28, додека најголем број на новозаразени има во Србија – 4103.

Во последните 24 часа, во Хрватска беа регистрирани 184 нови случаи на инфекција со вирус, а пет лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 8.661 лице во самоизолација, пренесува Хина.

За споредба во Хрватска , од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 378.022 лица беа заразени со новиот корона вирус, од кои 8.375 починале.

Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 214 нови случаи на Ковид , од 1.534 тестирани примероци. Беа регистрирани 14 смртни случаи. За споредба, претходниот ден беа тестирани 1.798 примероци, а беа регистрирани 333 нови заболени и 12 смртни случаи.

Видео на денот